Јужна Кореја: Се самоубил заменик-директорот, чии што ученици настрадаа во траектот

Од:

Заменик- директорот на училиштето, кој успеал да се спаси од потонатиот јужнокорејски патнички траект со стотици негови ученици, денеска е пронајден мртов, а медиумите пренесуваат дека се работи за самоубиство.

Телото на педесет и двегодишниот Канг Мин-Кјуа е пронајдено во близина на гиманзијата, во која што се наоѓаат родителите на 268 исчезнати од траектот, пренесе „Франс прес“.

Официјално лице од полицијата изјави дека причината за смртта се уште се истражува, но се шпекулира дека тој се обесил пред салата за физичко воспитување.

Од 475 лица на траектот, кој што потона во среда наутро, 352 биле ученици од средното училиште Данвон во градот Ансан, јужно од Сеул, кои патувале на екскурзија.

Во несреќата загинаа 28 лица, меѓу кои има и 12 ученици, додека 179 се спасени, а останатите 270 се водат како исчезнати. Канг Ми-Кју бил меѓу 179-те лица кои успеале да се спасат.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се запали авион на писта во Јужна Кореја – евакуирани се 169 патници

А1он

Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол

А1он

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски