Јужна Кореја: Потресни пораки на учениците заробени во траектот кој потона

Од:

Учениците кои биле заробени во траектот, кој што потона во близина на брегот на Јужна Кореја испраќале трогателни пораки на своите родители, пишува „АБЦ њуз“, додавајќи дека ова укажува колку била очајна ситуацијата во која се наоѓаат.

-Тато не грижи се. Имам појас за спасување и тука сме сите заедно, е пораката на 18-годишната Шин. Знам дека спасувачите се на пат, но излези од таму ако можеш -и напишал татко и, по што таа му одговорила дека не може бидејќи преминот е полн со деца.

Шин е една од 290 средношколци, кои што се водат како исчезнати.

spaseni

Друг ученик и напишал на својата мајка, која тогаш не знаела дека траектот тоне. „Мамо можеби подоцна нема да можам да ти кажам. Те сакам“, напишал тој, по што таа му одговорила: „И јас сине, тебе те сакам.

Овој ученик е помеѓу 179 спасени патници. Уште едно семејство објави дека добило порака, која вели дека нивниот член кој е еден од исчезнатите се уште е жив. Не се знае дали тоа лице е спасено.

Инаку најмалку шест лица загинаа, а 290 се водат како исчезнати, откако вчера се преврте и потона траект во близина на крајбрежјето на Јужна Кореја.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се запали авион на писта во Јужна Кореја – евакуирани се 169 патници

А1он

Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол

А1он

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски