Јужна Кореја: Погрешно изброени жртвите од несреќата со траектот

Од:

Според најновите податоци, кои што ги објавија јужнокорејските медиуми, бројот на преживеаните од несреќата со траектот „Севол“, која што се случи пред три недели не изнесува 174, како што цело време наведуваа власите во Сеул, туку 172 лица.

Шефот на локалната спасувачка служба, Ким Сум Кјун наведува дека дошло до грешка во пребројување на преживеаните, поради тоа што име на едно лице е наведено два пати, додека во другиот случај грешката се случила поради неточен податок, кој што го обезбедил еден од преживеаните патници, пренесе„ Би Би Си“.

Тоа значи дека бројот на луѓе за кои е потврдено или се стравува дека се мртви, бидејќи нивните тела не се пронајдени, се зголеми на 304 лица.

До сега се пронајдени тела на вкупно 269 жртви, а за останатите се уште се трага. Премиерот на Јужна Кореја, Чунг Хонг Вон изјави дека потрагата по телата на жртвите, мора да биде завршена претстојниот викенд.

Инаку повеќе од 80 проценти од жртвите беа средношколци од едно училиште во близина на Сеул.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се запали авион на писта во Јужна Кореја – евакуирани се 169 патници

А1он

Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол

А1он

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски