Јужна Кореја одобри тест кој открива и грип и коронавирус

Од:

Здравствените власти во Јужна Кореја одобрија нов тест дизајниран да открие и Ковид-19 и сезонски грип од ист примерок, што ќе им помогне на болниците во период на совпаѓање на коронавирусот и сезонскиот грип.

Нов тест насочен кон гените специфични и за ковид-19 и за сезонски грип еволуираше верзија на ПЦР тестови што се користат за откривање на коронавирус од примероци земени од носот или грлото. Лабораториите користат машини за засилување на генетскиот материјал, така што може да се детектираат дури и мали количини на вирус.

Болестите е тешко да се разликуваат според симптомите, така што дијагностицирањето за двете, со резултат за три до шест часа би било корисно за пациентите и исто така ќе го намали товарот врз здравствените работници,изјави високиот службеник во Министерството за здравство Јун Таехо.

И покрај напорите на здравствените власти да ги пронајдат контактите и да го запрат пренесувањето, таквите напори се надминати од стапката на ширење на вирусот, рече Јун.

Корејскиот центар за контрола и превенција на болести денеска пријави 118 нови случаи на ковид-19, повеќето од нив во густо населената метрополитенска област Сеул. Вкупниот број на национални случаи сега е 26.925, вклучувајќи 474 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски