Јужна Кореја објави крај на епидемијата од МЕРС

Од:

Јужнокорејскиот премиер Хванг Кјо-ан денеска објави крај на епидемијата на блискоисточниот респираторен синдром (МЕРС) во земјата.

Како што јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, 36 лица починале и 186 беа заразени од болеста, за која нема ниту лек, ниту вакцина.

– Откако направивме оценка на ситуацијата, медицинскиот персонал и Владата сметаат дека населението повеќе нема од што да стравува, истакна премиерот пред членовите на Кабинетот.

Епидемијата негативно се одрази врз растот на економијата во Јужна Кореја, намалувајќи ја потрошувачката. Поради избегнување на јавните места од страна на Јужнокорејците, продавниците, трговските центри, рестораните и кината забележале пад во продажбат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се запали авион на писта во Јужна Кореја – евакуирани се 169 патници

А1он

Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол

А1он

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски