Воени извори во Сеул денеска потврдија дека во Јужна Кореја во завршна фаза е проектот за сопствено производство на боеви ракети со голем дострел.
Веста ја пренесе јужнокорејската државна новинска агенција Јонхап, не соопштувајќи детали, но најави дека повеќе информациии за тоа колку ракети од типот земја-воздух ќе се произведуваат во домашните фабрики ќе бидат соопштени по заседанието на Комитетот за одбрана, закажано за 11 јуни.
За комплетирање на сопственото производство на овој тип ракети, наменети како можен одговор за обид за напад од страна на Северна Кореја, на Јужна Кореја ќе и бидат потребни седум години.
Во меѓувреме, јужнокорејанските одбранбени сили ќе се потпираат на системот ракети со помал дострел, инсталирани во близина на границата со Северна Кореја и повеќе стартешки објекти кои, како што се претпоставува, се можни цели на евентуалните напади од северот.