Посмртните останки на кинеските војници загинати во Корејската војна (1950-1953), по шест децении ќе бидат вратени дома.
При неодамнешната посета на Кина, јужнокорејската претседателка Парк Ген-хје понуди враќање на посмртните останки на околу 360 војници, кои се погребани во близина на градот Пај. Поголемиот број од војниците не се идентификувани.
Неколку стотина севернокорејски војници исто така се погребани на истите гробишта со кинеските војници, но Пјонгјанг одбива да ги земе телата.
Официјален Пекинг се уште не се има изјаснето за враќањето на посмртните останки на кинеските војници.
Кина учествуваше во тригодишната војна на страната од Северна Кореја, се проценува дека загинале околу 900.000 Кинези.