Јужна Кореја и САД почнаа големи заеднички маневри

Од:

Илјадници американски војници почнаа денеска да пристигнуваат во Јужна Кореја за почетокот на големите годишни заеднички воени маневри, соопштија медиумите, додека напнатоста е на својот врв долж границата на поделениот полуостров, особено откако Северот ја изведе третата нуклеарна проба.

Во воздушните, копнените и поморските вежби, наречени „ Млад орел“, што ќе траат до 30 април, ќе учествуваат повеќе од 10.000 американски и над 200.000 јужнокорејски војници.

-Засилувањето со американски трупи доаѓа од бази во САД, од Пацификот и од Јапонија, изјави американски воен претставник. Во текот на маневрите ќе се изведува операција во воздух, на земја и поморски десант врз копно, рече тој.

Американската и јужнокорејската команда од 11 до 21 март ќе оддржат одвоена компјутерска симулација на вежабата наречена „Конечно решение“, на која ќе учествуваат 3.500 американски војници и 10.000 јужнокорејски.

Северна Кореја редовно ги осудува воените вежби на Вашингтон и Сеул и тврди дека тие претставуваат подготовка за инвазија на Северот.

Севернокорејските медиуми во изминатите денови ги осудија планираните заеднички маневри на САД и Јужна Кореја и предупреди дека Корејскиот полуостров се наоѓа на „чекор од експлозија“ .

Северна Кореја минатата недела ги предупреди командантите на американските сили во Јужна Кореја дека нивните сили ќе бидат „соочени со бедно уништување“ доколку се изведат предвидените воени вежби со војската на јужниот сосед.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија