Јужна Кореја и САД ја завршија двомесечната воена вежба

Од:

САД и Јужна Кореја денеска ја завршија двомесечната воена вежба што дополнително ја зголеми тензијата на Корејскиот Полуостров, додека Пјонгјанг ја игнорираше новата понуда за разговори за заедничката индустриска зона Каесонг.

Вежбата на копнените, воздушните и поморските сили на двете земји, во која учествуваа 200.000 јужнокорејски војници и 10.000 американски, предизвика гнев кај Пјонгјанг, тврдејќи дека маневрите се проба за агресија врз Северна Кореја.

Претсатвникот на Министерството за одбрана во Сеул, Ким Мин Сеок изјави дека воената вежба заврши, но оти војската на Јужна Кореја и САД ќе продолжат внимателно да ја следат ситуацијата поради можните провокации од Сеул. Северна Кореја и понатаму има одреден број на балистички ракети на источниот брег.

Би можело да ве интересира

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев