Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин ја посети нуклеарната централа која неговата земја ја гради во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Локалните медиуми пренесуваат дека престолонаследникот Мохамед бин Зајед ал-Нахјан заедно со Мун ја посетиле нуклеарката Барака, која е прва на Арапскиот Полуостров.
Двајцата лидери тврдат дека се завршени работите на првиот реактор.
Нуклеарната централа во вредност од 20 милијарди долари е прв обид на Сеул да изгради во странство нуклеарен реактор. Првиот од предвидените четири реактори на централата, која се гради во близина на границата на ОАЕ со Саудиска Арабија, би требало да проработи оваа година.