Јункер: За пристап до заедничкиот пазар на ЕУ мора да се прифатат сите критриуми

Од:

 Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека „секој кој сака да има пристап до внатрешниот, заеднички пазар на ЕУ, мора да ги прифати сите предвидени критериуми, без исклучок“.

Тоа значи дека доколку новата британска влада побара пристап на Велика Британија до пазарот на ЕУ, ќе мора да ги прифати сите одредби на Унијата, вклучувајќи го и основното право на Европејците, за слободното движење на луге и работна сила низ сите земји кои се вклучени во заедничкиот пазар.

Станува збор за едно од фундаменталните правила на ЕУ, што официјален Лондон настојуваше да го блокира, или барем да го исклучи за себе, а кое беше основата на барањето за излез на земјата од Унијата.

Лидерите на 27-те земји членки, на првиот Самит без Велика Британија, порачаа дека не може да има пристап до пазарот на ЕУ, според системот „а ла карт“ односно избирајќи го она што некому (на евроскептиците) во Лондон им се допаѓа или им користи.

Франција и Германија, како и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск испратија иста порака до идната влада и до следниот премиер што треба да ги води преговорите за разделување на Лондон и Брисел.

Германскиот канцелар Ангела Меркел објаснила дека нема да има никакви дискусии додека владата во Лондон не го отвори членот 50 од Лисабонската спогодба, за формално раздружување на Британија од ЕУ.

– Ние сите во ЕУ сакаме тоа да почне што е можно побрзо, изјави Меркел на Самитот во Брисел.

Претседателот на Европскиот совет Туск соопшти дека ќе има уште еден Самит на ЕУ, посветен на Брегзит, кој ќе се одржи на 16 септември во Братислава.

Би можело да ве интересира

Барние: Британија отфрла секакво одложување на Брегзит

Ана Ололовска

Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит

Ана Ололовска

Зајберт: Меркел и Џонсон набрзо ќе разговараат за Брегзит

А1он

Шкотска е подготвена да поддржи секого кој е против Брегзит

А1он

Нема судење за Џонсон поради „лажењето за Брегзит“

А1он

Хамонд: Брегзит-от без договор ќе биде спречен

А1он