Јункер: Во новата ЕК првпат ќе има комесар за имигранти

Од:

Во новиот состав на Европската комисија првпат во историјата на Европската унија ќе има посебен комесар за прашањето за имиграција, што е условено од големиот притисок на имигрантите во јужните земји на ЕУ од Блискиот Исток и Северна Африка, изјави кандидатот за претседател на ЕК, Жан Клод Јункер.

– Отварањето на функцијата еврокомесар за миграција е предизвикано од потребата од усогласувањето на миграциска политика на европско ниво, нагласи тој.

Откако кандидатурата на Јункер ќе биде потврдена од ЕП на 16 јули, тој ќе треба до крајот на септември да го претстави новиот состав на ЕК, во кој ќе влезат 28 лица, по еден од секоја членка на ЕУ.

ЕК меѓудругото ќе се насочи кон решавање на проблемите со масовниот притисок на имигрантите, кој се зајакна особено минатата година. Комисијата ќе треба да пронајде можности за рамномерно распределување на имигрантите на територијата на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната