Јункер со писмо го извести Туск за договорот за Брегзит

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер упати писмо до претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, во кое го информирал дека преговарачите од ЕУ и Велика Британија постигнале согласност за ревидиран Договор за излегување на Велика Британија од ЕУ, како и за Политичката декларација.

Тој во писмото ги повика 27-те членки на ЕУ да го поддржат Договорот за Брегзит, постигнат утрово, наведувајќи дека е во нивни интерес да има уредено и пријателско излегување на Велика Британија од ЕУ.

„Нашата рака секогаш треба да остане испружена, бидејќи Обединетото Кралство останува клучен партнер“, напиша Јункер.

Тој оцени дека е крајно време да се доврши процесот на излегување на Британија и што побрзо да почнат преговорите за идното партнерство со ЕУ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска