Јункер: Постојат проблематични точки во планот за Брегзит

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави денеска дека планот на Велика Британија за напуштање на ЕУ се уште има некои проблематични точки што треба да се решат во наредните денови.

– ЕУ сака договор. Ние остануваме обединети и подготвени нон-стоп да работиме да се случи тоа, како што правевме во изминатите три години, рече Јункер.

Европската комисија соопшти дека британскиот премиер Борис Џонсон го известил Јункер за време на телефонскиот разговор за најновиот предлог за брегзит на Велика Британија, во кој има правен текст, објаснување и дополнително писмо од Џонсон.

– Сепак, претседателот истакна дека има уште некои проблематични точки што треба да се решат во наредните денови, особено кога станува збор за управување со безбедносната мрежа на границата помеѓу Северна Ирска и Република Ирска (земји членки на ЕУ) по Брегзит, се нагласува во соопштение од Брисел.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Европа размислува да испрати 100.000 војници во Украина