Јункер: Нема напредок во разговорите со Велика Британија

Од:

Нема позначителен напредок во преговорите на ЕУ со Велика Британија, што се водат пред британскиот референдум за останување, или за напуштање на Унијат, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Тој вели дека Брисел сака „фер договор“ со Лондон, но дека засега преговарачките страни немаат ништо постигнато.

Велика Британија и премиерот Дејвид Камерон инсистираат на „реформирање„ на ЕУ и на односите меѓу Лондон и Брисел, но Јункер порачува дека за „танго се потребни двајца„ префрлајќи ја одговорноста за застојот кај британската страна.

Премиерот Камерон настојува да обезбеди посебни односи на ЕУ со Британија, пред да се организира референдумот за Унијата, што се предвидува да се одржи д крајот на 2017 година.

Британската политичка јавност се уште не знае што точно Лондон бара од ЕУ, но се претпоставува дека станува збир за исклучувањето на Британија од било какво натамошно интегрирање во Унијата, како и за ограничувањето на приливот на имигранти од земјите на ЕУ, за заштита на социјалните фондови.

Жан Клод Јункер инсистира дека сака Велика Британија да остане конструктивен член на Унијата.

Камерон се наоѓа под силен притисок од евроскептиците во негвата Конзервативна партија, како и од антиевропската партија за независност на Обединетото кралство (УКИП) за остар курс кон Брисел и за „враќање на британската независност„ во однос на ЕУ, како за напуштање на Унијата.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин