Претседателот на Европска комисија Жан-Клод Јункер во синоќешниот говор во Европски комитет на регионите апелираше за „спречување на маршот кон ’не-Европа’, чија инспирација се глупавите националисти“.
– Мораме да им кажеме не на сите популистички движења. Правам разлика помеѓу евроскептиците, кои имаат свои барања во однос на ограничените популисти и глупави националисти. Тие не се исти. Мораме да го спречиме овој марш кон не-Европа чија инспирација се глупите популисти и ограничени националисти, наведе Јункер.
Тој додаде дека е важно да се одржи дијалогот со евроскептиците.
– Граѓаните кои ја сакаат Европа, го сакаат родниот крај, обичаите и различностите. Нема Европа без нации и територии. Нациите и ЕУ не одат рака под рака. Не сакаме да се надмине нацијата, посочи Јункер.
Тој додаде дека е загрижен поради јакнење на десничарските партии од Италија до Шведска.
– Мораме да станеме и да им кажеме не на сите популизми и нацинализми, наведе Јункер седум месеци пред изборите за Европски парламент.