Јункер: Местото на Унгарија не е во ЕУ, ако земјата воведе смртна казна

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, зазема остар став кон Унгарија, изјавувајќи дека оваа земја би можела да биде исфрлена од Европската унија ако продолжи да се залага за воведување на смртната казна.

– Ако Унгарија сака да воведе смртна казна, тоа ќе биде доволна причина да се разделиме. Причина за развод. Едно од моите политички убедувања е дека смртната казна не треба да постои. За било кој што воведува смртна казна нема место во Европската унија, истакна Јункер.

Виктор Орбан изминатиот период има затегнати односи со лидерите на ЕУ поради неговите блиски врски со Русија. Унгарија ја укина смртната казна како еден од условите за влез во ЕУ во 2004 година.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија