Јункер го поздрави „гласот против екстремистите“ во Холандија

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер го поздрави „гласот против екстремистите“, по изборите во Холандија на кои холандскиот премиер Марк Руте оствари победа над екстремниот десничар Герт Вилдерс.

Портпаролот на Еврокомисијата, Маргаритис Шинас на неговиот налог на Твитер објави дека Јунер разговарал со Руте и му ја честитал победата.

Резултатите од холандските избори на кои конзервативно-либералата Народна партија за слободоа и демократија (ВВД) на Руре освои најмногу гласови пред Партијата на слободата (ПВВ) на Вилдерс, се примени со олеснување во Брисел, во екот на стравот од растот на популизмот во Европа.

Анонимен европски извор, изјави дека „здравиот разум му возвратил на ударот“.

– Двојниот шок од Брегзитот и претседателските избори во САД, ја прават Европската унија сидор на стабилност и разум во светот на лудило, додаде изворот.

Шефот на кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, Петер Алтмајер, и честиташе на Холандија за „сјајниот“ избор, отакако нецелосните резултати од гласањето покажа дека ВВД освои 32 пратенички места, наспроти 19 што ги доби партијата на екстремниот десничар Вилдерс.

– Холандија ти си шампион!, напиша Алтмајер на неговиот Твитер налог.

Би можело да ве интересира

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски

Силна експлозија во Холандија

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

ВИДЕО: Разорна експлозија во Хаг, потрага по преживеани

Европската Комисија предлага почеток на нов европски дигитален граничен систем

Горан Наумовски