Јункер: ЕК треба да има своја тајна служба оти агентите се веќе тука

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, предмалку на заедничка прес-конференција со новата хрватска претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ во Брисел, истакна дека негов предлог е Еврокомисијата да формира своја тајна служба.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, говорејќи во ироничен стил, Јункер потенцираше дека причината за овој негов предлог е што агентите се веќе во Брисел.

– На состаноците на Колеџот на комесари, реков дека Европската комисија треба да има своја тајна служба. Причината е што агентите се веќе тука. Не знам дали германските агенти се активни тука, но не треба да давам специфични коментари, иако станав специјалист кога станува збор за тајните служби. Знам дека од лично искуство дека е тешко многу да се фатат – потенцираше челникот на неформалната Влада на ЕУ.
Оваа изјава, Јункер ја даде како одговор на прашањето да го коментира скандалот во Германија, каде е откриено дека националната разузнавачка агенција БНД, прислушкувала во германската република, но и во други земји на Европската унија во корист на Соединетите американски држави и нивните разузнавачки агенции.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски