Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер смета дека само единство на сите држави во Европската унија претставува излез од кризата.
Во интервјку за виенски Курир, тој вели дека е „реален оптимист“ кога се во прашање совладување предизвици со кои се соочува ЕУ – од миграција, климатски промени до глобализација, и државите членки знаат дека не можат сами да ги решат.
– Ќе изградиме безбедна унија, ќе се поврземе подобро и ќе разменуваме информации за да се бориме со тероризмот. Ќе ставиме и на располагање вкупно 630 милијарди евра за нови инвестиции. Тоа ќе создаде нови работни места и шанси, нагласи Јункер.
Тој истакна дека кризите Европа ја правеле посилна и оти „Европа е историја на успех од учење“.
Во врска со формирањето европска армија тој вели дека тоа е долгорочен проект.
– Европската војска е долгорочен проект. Дотогаш има долг пат. Комисијата во крајот на месецот ќе предаде предлози со цел државите членки веќе не инвестираат и истражуваат посебно, туку заедно. Недостигот од соработка ја чини европа во одбранбени прашања секоја година меѓу 25 и 100 милијарди евра кои треба подобро да ги инвестираме во нашата иднина, објасни Јункер.