Јункер до лидерите на ЕУ: Спасете го шенгенскиот систем

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска ги повика лидерите на Европска унија да го спасат „шенгенскиот систем“, кој е загрозен поради закана од терористички напади и бегалскиот бран.

Безвизниот систем во 30 европски земји познат како шенгенски систем послчедните месеци е загрозен поради затворање на границите, зајакнување на безбедносните мерки и подигнување на огради на границите.

– Потребно ни е да тие кои веруваат во Европа, во нејзините вредности, нејзините принципи и нејзините слободи да се обидат да го оживеат духот на Шенген, истакна Јункер пред пратениците од Европскиот парламент.

Тој додаде дека „единствената валута нема да има смисла доколку шенгенската зона пропадне“.

Претседателот на ЕК наведе дека не треба да се мешаат екстремистите и бегалците, додавајќи оти многу мигранти бегаат токму од нив.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски