Хакерите се почесто ги напаѓаат веб сајтовите на влдите и големите компании во државите на југоисточна Азија, а најчести спонзори на хакерството, според агенцијата „Фајер Ај’’ се владите и владини агенции од тие држави. Угледната агенција за следење и запирање на хакерството го прогласи регионот на југоисточна Азија за сега најзагрозена од хакерски напади.
Според анализата, објавена денеска во Тајван и Сингапур, причина за засиленото хакерство се затегнатите односи во регионот, најмногу поради спорот околу сувереноста на Јужното Кинеско Море, но и желбата на властите на државите од регионот да дознаат што прават другите влади на членките на АСЕАН во очи на потпишувањето на договорот за Економска Заедница на АСЕАН, која треба да биде идентично организирана како Европската Унија.
Сингапурскиот „Стреј Тајмс’’, пренесувајќи ја оваа информација, објавува дека владите од регионот за шпиунирање на електронските мрежи потрошиле повеќе од 400 милиони долари, само во првите 6 месеци годинава. Сознанијата дека хакерите ги напаѓаат официјалите веб сајтови ретко се објавуваат јавно, бидејки обидите за откривање на податоци кај другите прават речиси сите држави.
„Фајер Ај ’’ предвидува дека подрачјето на југоисточна Азија ќе стане регион со најголем број хакерски напади. Модерните шпиуни за мета ги имаат и големите финансиски и производни компании во Тајван и Хонг Конг, но нема подаоци дали толку често се напаѓаат и официјалните сајтови.