Граничната полиција во Јордан уапси петмина Сиријци, кои се обиделе нелегално да внесат поголемо количество оружје во кралството.
Меѓу конфискуваното оружјеима противтнковски ракети, ракети земја-воздух и автоматски пушки.
Се уште не е познато дали шверцерите, кои беа уапсени вчера. се поврзани со некои од групите кои учествуваат во сириската граѓанска војна.
И минатата недела јорданските власти уапсија група шверцери кои се обидуваа илегално да внесат оружје во Јордан.
Властите во Јордан се загрижени дека конфликтот од Сирија може да се прелее на нивна теритеорија и да претставува закана за националната безбедност. Посебно голема опасноста претставуваат бунтовничките групи поврзани со Ал Каеда или борците од страната на Башар ал Асад, кои би можеле да извршуваат напади во Јордан.