Парламентот на Молдавија денеска го изгласа поранешниот министер за финансии Јон Чику за нов премиер.
Претседателот на Молдавија, Игор Додон вчера го предложи Чику за иден премиер откако во вторникот Парламентот и изгласа недоверба на владата на Маја Санду.
Владата предводена од Санду беше избрана само пред пет месеци, ветувајќи дека ќе се бори против корупцијата.
Санду формира лабава коалиција со Социјалистичка партија, која се покажа како неуспешна поради предложените реформи за изборот на државен обвинител.
Молдавија е една од најсиромашните европски држави и се соочува со корупција и политичка нестабилност. Земјата прогласи независност по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.