Јоханис: Во текот на наредните денови ќе го објавам датумот за референдумот

Од:

Претседателот на Романија, Клаус Јоханис изјави денеска дека во текот на наредните денови ќе го објави датумот за референдумот за антикорупциски реформи, јави Аџерпрес.

– Овој референдум е неопходен, а во следните денови ќе дадам известување што ќе направам и кога точно ќе се одржи референдумот, истакна Јоханис.

Романскиот парламент вчера го поддржа планот на претседателот на државата да организира референдум за анти-корупциски реформи, а иницијативата за референдумот следеше по масовните улични протести кои ја принудија Владата да ја повлече спорната уредба за декриминализација на одредени случаи.

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја нападна Владата поради уредбата за која противниците оценуваат дека штити десетина јавни функционери од кривично гонење.

Би можело да ве интересира

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Силен земјотрес во Романија

Земјотрес ја погоди Романија