Јоханис: Парламентот се претвори во штит за Виктор Понта

Од:

Претседателот на Романија Клаус Јоханис ја критикуваше одлуката на парламентот, што денеска не дозволи кривично гонење на премиерот Виктор Понта, нагласувајќи дека парламентот се претворил во штит за Понта и дека оставка на премиерот е решение за излез од кризата.

Премиерот Понта е обвинет за фалсификување декларации, учество во даночни измами, перење на пари и конфликт на интереси.

Претходно денеска пратениците на романскиот парламент го отфрлија барањето на главниот обвинител за започнување на кривично гонење против премиерот.

Во соопштение на претседателската администрација, се повторува позицијата на претседателот дека парламентот не би требало да го спречува правосудството. – Жалам што денеска владејачката коалиција наметна едно лажно решение во спротивна насока. Истовремено, жалам дека парламентот стана штит за лицето на Виктор Понта, нагласува Јоханис.

Според Јоханис тоа е доказ за максимална неодговорност и предизвик на адреса на граѓаните, додавајќи дека парламентарното мнозинство попречува на правосудството да си ја врши работата, а парламентарците од мнозинството се подготвени да ја уништат институцијата на парламентот и влијаат на имиџот на Романија со цел да спасат едно лице.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски