Јоханис: Идната недела консултации за новата романска влада

Од:

Претседателот на Романија, Клаус Јоханис денеска најави дека во вторник ќе се одржи седница на новиот парламентарниот состав, а в среда и в четврток ќе има нови консултации за формирање на влада.

Јоханис ги поздрави партиите кои успеаја да влезат во Парламентот по изборите одржани на 11 декември, додавајќи дека ниту една партија не успеала да добие апсолутно мнозинство.

Во Сенатот Социјалдемократите ќе имаат 67 места, Национално-либерална партија 30 места, Сојузот за спас на Романија – 13, Алијансата на либералите и демократите – девет, Демократската унија на Унгарците во Романија – девет, Партијата народно движење – осум. Во Претставничкиот дом Социјалдемократска партија доби 154 места, Национално-либерална партија – 69, Сојузот за спас на Романија – 30, Демократската унија на Унгарците во Романија – 21, Алијансата на либералите и демократите – 20 и Партијата народно движење – 18 места.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски