Јиржи Руснок призна дека води левичарска, а не техничка Влада

Од:

Мојата Влада е левичарска, изјави чешкиот премиер во оставка Јиржи Руснок, кој претходно тврдеше дека е непартиски и аполитичен, јави дописникот на МИА од Прага.

– Се надевав дека кога некој е левоориентиран, ќе гласа за Влада која е посветена на левата опција, изјави Руснок за Чешката телевизија (ЧТ), изразувајќи жалење што не ја доби поддршката од мнозинството пратеници во Парламентот и што сите левоориентирани пратеници не го поддржаа.

При доделувањето на премиерскиот мандат, претседателот на државата, Милош Земан го означи владиниот Кабинет за „политички неутрална Влада на експерти“.

Земан беше сигурен дека само таков формиран состав може докрај да ја расчисти ситуацијата која доведе до паѓање на претходната Влада, на премиерот Петр Нечас.

Истото тоа го тврдеше и Руснок, кој пред гласањето за поддршка рече:

– Медиумите, Владата која ја раководам ја сметаат за Влада на експерти и преодна Влада. Морам да ги отфрлам критиките дека овој состав има политички или лични врски.

Сепак, Руснок не успеа во Парламентот и Чешка останува во политичката и владина криза.

Според партиите, единствен излез е самораспуштање на Собранието и распишување на предвремени избори.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица