Јермак: Украина е подготвена да работи кон мир

Од:

Андриј Јермак, началник на Генералштабот на Украина објави дека имал разговор со американскиот секретар на армијата, Даниел Дрискол. Тој изрази благодарност за „специфичноста и конструктивноста“, додавајќи дека Украина е подготвена да работи што е можно понапорно за да ги финализира чекорите што би воделе кон мир.

Како што изјави во објава на Телеграм, според американскиот претседател Доналд Трамп, се очекува Дрискол да го посети Киев оваа недела, каде што ќе продолжат разговорите за чекорите „неопходни за прекин на крвопролевањето“.

– Во Женева е постигната добра основа, а претседателот (на Украина) Володимир Зеленски и целиот тим во Киев се целосно посветени на понатамошна работа, рече Јермак.

Тој, исто така, рече дека Украина никогаш не била и нема да биде пречка за мир и изрази благодарност до Соединетите Држави за целата нивна поддршка за Украина.

„Средбата меѓу двајцата претседатели ќе биде темелно и навремено подготвена од наша страна“, додаде Јермак.

Би можело да ве интересира

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него

Орпо: Не треба да се склучуваат договори за купување руски гас додека трае војната во Украина

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски