Јеменската армија истрелала ракета врз Саудиска Арабија

Од:

Јеменската армија соопшти дека истрелала ракета „скад“ врз воена база во Саудиска Арабија.

– Ракетата е истрелана врз базата „Ал Сулаил“ во провинцијата Ријад, изјави воениот портпарол Шараф Лукман.

Според него, нападот во кој била погодена базата е извршен како одговор на „злосторствата од бруталната саудиска агресија“.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија врши воздушни напади во Јемен против шиитската група Хуси и нејзините сојузници во армијата, кои водат борби во јужниот и централниот дел на земјата против сунитски локални групи.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија