Јеменска добитничка на Нобеловата награда за мир тврди дека е цел на саудиски медиуми

Од:

Тавакол Карман, истакнатата јеменска активистка за човекови права и добитничка на Нобеловата награда за мир, тврди дека е цел на „напади и кампања“ на саудиските медиуми, откако беше избрана да биде дел од новото надзорно тело на Фејсбук.

Карман е една од 20-те лица кои беа избрани да ја следат чувствителната содржина што се објавува на социјалната мрежа и, доколку е потребно, да одлучи за отстранување на материјал од платформата.

– Засега, најважно е дека сум безбедна од пилата што се користеше за да се исече телото на Џамал Кашоги на парчиња, напиша таа на Твитер, алудирајќи на убиството на саудискиот новинар и писател Кашоги во саудискиот Конзулат во Истанбул во октомври 2018 година.

Задачата на новото тело е да донесе одлука за „најпредизвикувачки содржини на Фејсбук, вклучително и оние што спаѓаат во говор на омраза, злоупотреба или заштита на безбедноста и приватноста на корисниците“.

Ова тело, како што е објаснето, ќе донесува конечна одлука дали некоја содржина треба да остане или да се отстрани од Фејсбук и Инстаграм.

Карман стана почитувана за време на арапската пролет во 2011 година, кога беа соборени многу авторитарни лидери во регионот, вклучувајќи ја и нејзината земја Јемен.

Истата година, нејзиниот активизам и учеството во создавање мир беа наградени со Нобелова награда.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Ал Хути: Хутите во Јемен ќе преземат воена акција доколку САД и Израел ја нападнат Газа

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен