Министерството за внатрешни работи на Саудиска Арбија соопшти дека во тек на размена на оган во регионот Асир, на границата со Јемен се убиени двајца саудиски војници.
-Двајца граничари настрадале во тек на размена на оган на пункт во регионот Асир, на југозапад на Саудиска Арабија- изјави портпаролот на министерството.
Заменичката на генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања, Валери Амос рече дека повеќе од 500 лица, меѓу кои 90 деца загинале, а околу 1.700 се повредени во тек на последните две недели во судирите во Јемен.
Е.Г.