Инцидентот во Прага, кога Медлин Олбрајт повика „Надвор, одвратни Срби“ кон групата „Пријатели на Србите од Косово“која ја води режисерот Вацлав Дворжак, конечно стигна и со Соединетите Американски Држави.
Познатиот американски новинар Пол Бедард напиша дека „во судирот, Медлин Олбрајт со зборовите „одвратни Срби“ ги бркала просрпските демонстранти кои ја нарекоа воен злосторник.
Магазинот Тајм напиша дека кампањата во Босна и на Косово, која ја предводеше Медлин Олбрајт всушност беше „војна на Медлин“. Тајм пишува дека Медлин Олбрајт е заслужна за вовлекувањето на НАТО во двете кризни ситуации. Ејд Ерин Кокрејн, кој беше со неа во Прага на потпишувањето на книгата изјави:
„Се беше мирно се додека не се појави таа група, со очигледна намера да направи инцидент. Како државен секретар, Олбрајт работеше на тоа да го запре етничкото чистење во Босна и на Косово-и некои тоа не можат да и го простат. Затоа и се случи тоа во книжарницата, што беше лошо и не успеа да го расипе враќањето на Олбрајт во нејзиниот роден град, Прага“.
Групата „пријатели на Србите од Косово“, се појави на промоцијата на книгата на Медлин Олбрајт во Прага и наместо книги за потпис на масата и беа ставени плакати со фотографии на злосторствата за кои ја обвинија неа и НАТО. Медлин Олбрајт на тоа скокна од столицата и почна да вика „Надвор, одвратни Срби“.