Јавниот превоз во Варшава денеска е бесплатен

Од:

Главниот град на Полска, Варшава денеска им понуди на жителите бесплатен јавен превоз во обид да ги стимулира да ги остават возилата поради високото ниво на загадување на воздухот.

Полска користи големи количини јаглен за индустријата и затоплувањето на домовите. Поради тоа земјата е втора по загадувањето на воздухот во Европа, по Бугарија, според извештајот за квалитетот на воздухот во 2016 година на Европската агенција за животна средина.

Градскиот совет на Варшава посочи дека прогнозите за високото загадувањето на воздухот се должат на комбинацијата на студеното време, кое доведува до зголемување на потребите за затоплување и слабото струење на воздухот.

Властите на Варшава, која има 1,7 милиони жители ги повикаа постарите лица, децата, оние кои страдаат од астма, заболувања на срцето и на органите за дишење да избегнуваат подолг престој на отворено.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата