Јарослав Качињски најавува Нов договор за ЕУ

Од:

Лидерот на полската владејачка евроскептична партија Право и правда, Јарослав Качињски најави дека поради Брегзитот, подготвува нов договор за ЕУ, кој ќе ја замени Лисабонската спогодба.

Тој истакна дека подготвува нов договор бидејќи ЕУ како држава со парламентарна демократија на европско ниво не е можна, како што не е можна ниту заедничка валута.

– Побарав од влијателен полски правник да подготви нов договор. По почетниот шок поради Брегзит, сега е се поширока свеста дека е неопходна промена. Не знам дали ќе победи таа опција, но мора да настапиме офанзивно, нагласи Качињски.

Качињски, кој официјално има само функција на пратеник, но реално од неговите одлуки зависат и претседателот и премиерот, смета дека е можна измена и на Лисабонскиот договор, но дека кризата е толку длабока, па затоа членките на ЕУ мора да склучат сосема нов документ.

– Треба да воведеме механизми кои ќе спречат претерана регулација и да не се овозможи преземање надлежности од страна на ЕУ без столб во основниот договор. Тоа е идеја за реинтеграција на Европа. Ние не сакаме Велика Британија да излезе од ЕУ и веруваме дека тоа нема да се случи, објасни Качињски.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата