Јапонските власти со наредба за уништување на каква било ракета од Северна Кореја

Од:

Јапонските власти издадоа наредба армијата да биде подготвена да уништи каква било ракета испукана од Северна Кореја, а која би била закана за државата, објавија локални медиуми во момент кога расте загриженоста дека Пјонгјанг подготвува тест со ракета со голем дострел.

Наредбата е издадена од министерот за одбрана Ген Накатани, тврди јапонскиот весник Никеј дејли и агенцијата Кјодо.

– Ги преземаме сите мерки за да одговориме на лансирање на ракета, собирајќи информации и координирајќи се со релевантни држави – изјави портпаролка на Минстерството за одбрана.

Западни медиуми јавија за сомнителни активности во главниот воен комплекс на Северна Кореја со што поттикнаа шпекулации дека Пјонгјанг може да лансира ракета веќе идната недела.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски