Јапонскиот премиер најави измени на Уставот

Од:

Јапонскиот конзервативен премиер Шинѕо Абе најави дека сака промена на Уставот, што беше воведена на барање од САД по Втората светска војна.

Абе запрашан од Парламентот за укинување на забраната Јапонија да влегува во војна тој истакна дека прво треба да се смени членот 96, неопходен прв чекор за евентуалната следна реформа на членот девет, кој се однесува на пацифизмот на земјата.

Членот 96 од јапонскиот Устав ги определува паравилата за секоја измена на Уставот, што е во сила од 1947 година. Абе наведе дека измените на Уставот треба да бидат на иницијатива на дводомниот Парламент и поддржана со гласовите на најмалку две-третини од сите членови на секоја од двата дома.

Потоа измените треба да се одобрат или на референдум или на избори.

– Со искрен стремеж кон свесткиот мир, основан на праведноста и редот, јапонскиот народ засекогаш се откажува од војната како суверено право на нацијата, како и од заканата или употребата на сила како средство за решавање на меѓународните конфликти, се наведува во членот девет од јапонскиот Устав.

Во продолжение на текстот се наведува дека „за постигнување на таа цел никогаш нема да поддржуваме копнени, поморски и воздушните сили или друг потенцијал за војна. Нема да се признава правото на државата да е во состојба на војна“, што често се критикува од јапонските националисти, посебно за односите на Јапонија со соседните Кина и Јужна Кореја.

Абе за време на предизборната кампања неколку пати истакна дека „силите за самоодбрана“ сака да ги преименува во „вооружени сили“.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови