Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска ја започна петдневната посета на Обединетите Арапски Емирати, Јордан, Палестина и Израел, со цел зајакнување на соработката во регионот во енергетскиот и мировниот процес на Блискиот Исток.
– Јас планирам да работам за мировниот процес на Блискиот Исток, конструктивно да разговарам и со Израел и со Палестина, изјави Абе пред новинарите на аеродромот„Ханеда“ во Токио, пред да замине за Абу Даби.
Утре, јапонскиот премиер ќе учествува на бизнис форум во Обединетите Арапски Емирати, пред да се сретне со принцот на Абу Даби, шеикот Мохамед бин Заид Ал Нахајан.
Се очекува двајцата да ја потврдат соработката помеѓу Токио и Абу Даби во однос на снабдувањето со енергија на Јапонија.