Јапонскиот милијардер се врати на Земјата по 12 дена во Вселената

Од:

Јапонскиот милијардер кој помина 12 дена на Меѓународната вселенска станица денеска се врати на Земјата, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос.

Јусаку Маезава, 46-годишен милијардер, неговиот помошник Јозо Хиноро и рускиот астронаут Александар Мисуркин се спуштија со падобран во казахстанската степа околу 03.13 часот по Гринич.

„Заврши туристичкиот лет на леталото Сојуз МС-20“, се наведува на веб-страницата на Роскосмос. Двајцата Јапонци се првите туристи кои сами си го платиле патувањето. Ова е прва туристичка посета на вселенската станица од 2009 година.

Цената на патувањето не е објавена.Беше планирано Хиноро да ја сними целата мисија.

Би можело да ве интересира

Братот на Мајли Сајрус ја обвини Кети Пери дека ја копира неговата сестра: Те испративме во вселената, не успеа

Предраг Петровиќ

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

Горан Наумовски

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години

(ВИДЕО) Американски астронаути се вратија на Земјата по девет месеци минати во вселената

А1он