Јапонски експерти: Ширењето на новиот коронавирус може да трае и повеќе од година

Од:

Ширењето на новиот коронавирус нема да запре со настапувањето на топлото време и може да трае повеќе од една година. Тој став беше објавен на специјална пресконференција од група јапонски експерти и научници кои се членови на посебна владина комисија за борба против ширењето на коронавирусот, јавија јапонски медиуми.

– Ширењето може да трае од неколку месеци до шест месеци, и можно е тоа да трае и повеќе од една година, нагласи еден од експертите.

Според нив, новиот коронавирус „за разлика од обичниот грип, не е вид вирус, што исчезнува со доаѓање на топло време“.

Членовите на таа комисија укажаа дека во државата досега успеале да спречат „експлозивно ширење на вирусот“. Во моментот во Јапонија има заразаени над 1.200 луѓе, и 16 починати. Најголем дел од заразените (696) се патници и екипаж на крузерот Дајмонд принцес.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови