Јапонски експерти ќе го менаџираат пазарот на пари во Мјанмар

Од:

По најавата дека Мјанмар подготвува отварање на стоковата берза во 2015 година, денеска во Јангун е соопштено дека, со поддршка на јапонски експерти во таа држава се подготвува и пазар на пари.

Тоа е голема промена на стратегијата на сегашните власти кои, според економските аналитичари, со сегашната строга државна контрола не го стимулираат развојот на сеуште сиромашниот Мјанмар.

Првите најави за либерализација во економијата Мјанмар ги направи во јули 2013 година, кога беа направени измени во законот за безбедност и организација на финансиите. Овој закон сегашните власт го наследија од поранешниот недемократски режим, кој тогашната Бурма ја држеше во изолација.

Поради сеуште големото влијание на армијата врз политиката, либерализацијата во економијата на Мјанмар се одвива бавно.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио