Јапонски актер убиен за време на театарска проба

Од:

Еден 33-годишен јапонски актер почина, откако за време на проба за театарска претстава бил прободен во стомак со самурајски меч.

Јапонската полиција соопшти дека истражува дали се работи за несреќен случај или за планирано убиство.

Актерот Даиго Кашино за време на пробата во тетатар во центарот на Токио бил прободен со мечот, па што веднаш е префрлен в болица, каде починал неколку часа подоцна.

Јапонските медиуми јавија дека другите членови на театарската група кои присуствувале на пробата заедно со Кашино изјавиле дека реагирале кога слушнале дека тој стенка и се превитквува од болки.

Тие тврдат дека не виделе што се случило. 

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила