Јапонската Влада е подготвена да даде над 400 милиони долари за да се запре истекувањето на радиоактивна вода од АЕЦ Фукушима која беше оштетена во цунами.
Соопштението беше испратени само неколку дена пред Олимпискиот комитет да одлучи дали Токио кој се наоѓа на 230 км. од Фукушима ќе биде домаќин на ОИ во 2020 година.
Во трката за домаќин на тие ОИ се и Мадрид и Истанбул.
– Светот очекува да разбере дали сме способни да се справиме со последиците од хаваријата, изјави премиерот Шинѕо Абе.