Јапонска полиција признава: Имаше пропусти во обезбедувањето на Абе

Од:

Имаше пропусти во обезбедувањето на поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе, кој беше убиен за време на предизборен митинг, изјави денеска началникот на локалната полиција Томоаки Онизука.

– Мислам дека е неспорно дека имало проблеми со мерките за обезбедување на поранешниот премиер Абе, изјави на прес конференција началникот на полицијата на префектурата на градот Нара.

Тој вети дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за истрагата.

Сепак, Онизука не кажа за кои конкретни пропусти станува збор.

Абе беше застрелан од напаѓач за време на говор во Нара, по што бил пренесен во болница, каде што починал. Полицијата го привела напаѓачот, кој ја признал вината.

Би можело да ве интересира

Обвинение за убиецот на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе

Горан Наумовски

Јапонија: Продолжена психијатриска евалуација на осомничениот за убиството на Абе

А1он

ВИДЕО: Јапонија на државен погреб се прости од Шинзо Абе

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Протести во Јапонија за време на државниот погреб на Шинзо Абе

Катерина Ѓуровски

Јапонија за државниот погреб на поранешниот премиер Абе ќе потроши 11,4 милиони долари

ВИДЕО: Јапонија се прости од Шинзо Абе