Јапонија од денеска е во состојба на максимална подготвеност поради можното лансирање на севернокорејската ракета и покрај можноста за одлагање на лансирањето оспорувано во најголем дел од меѓународната заедницата.
– Ги презедовме сите можни мерки на внимателност и набљудување, изјави премиерот Јошишико Нода.
Јапонските сили поставиле ракети земја-воздух Патриот ПАК 3 во Токио и на островот Окинава и во состојба на максимална подготвеност се три воени бродови опремени со ракети за пресретнување.
Пјонгјанг најави веројатно одложување на лансирањето на ракетата планирано за периодот меѓу 10 и 22 декември поради технички проблеми.