Јапонија укинува некои од санкциите против Северна Кореја

Од:

Јапонија одлучи да ги ублажи санкциите кон Северна Кореја, откако Пјонгјанг повторно ја отвори истрагата за судбината на киднапираните јапонските граѓани.

Како што пренесе „Ројтерс“ според таа одлука Јапонија укина повеќе забрани, меѓу кои и забраната за патување, контрола на парите кои ќе се испраќаат или носат во во Северна Кореја, како и забраната за повици на севернокорејските бродови за хуманитарни цели.

-Тоа е само почеток, рече јапонскиот премиер Шинзо Абе, кој во фокус на својот мандат, го стави откривањето на судбината на киднапираните Јапонци.

Британската агенција наведе дека ублажувањето на санкциите ќе има минимален економски ефект, но дека тоа би можело да биде прв чекор за подобрување на нарушените односи помеѓу Токио и Пјонгјанг.

Инаку оваа одлука Токио ја донесе во време на изразена загриженост на меѓународната заедница, поради севернокорејската нуклеарна и ракетна програма.

Јапонија нагласи дека оваа нивна одлука не значи исчекор во однос на обврските кон сојузниците САД и Јужна Кореја, во заедничката политика кон Северна Кореја.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски