ВИДЕО: Јапонија со водени топови ги растера тајванските бродови

Од:

Јапонската крајбрежна стража ги употреби водените топови за да ги избрка четириесетината тајвански рибарски бродови и осумте бродови на тајванската крајбрежна стража од водата за која Јапонија ја смета за своја територија, во близина на спорниот архипелаг.

„Крајбрежната стража користеше водени топови и други мерки за да ги примора тајванските бродови да го променат правецот“, рече секретарот на шефот на кабинетот Осаму Фиџимура.

Јапонската крајбрежна стража соопшти дека по интервенцијата, сите тајвански бродови ги напуштиле територијалните води.

Јапонија му врачи протест на Тајван, само еден ден откако упати и до Кина поради како што се наведува „сличен упад на кинеските бродови“.

Кинеско-јапонските односи нагло се влошија овој месец откако Јапонија од приватен сопственик ги откупи спорните острови во источното кинеско море, познат како Сенкаку во Јапонија и како Дијаоају во Кина.

Тајван е во пријателски односи со Јапонија, но двете страни се судрија околу рибарските права во таа област , додека и Кина и Тајван тврдат дека го наследиле кинескиот историски суверенитет над ненаселените острови кои се наоѓаат во близина на зоната богата со риба и потенцијално големи резерви на гас, а на кои право полага и Јапонија.

Би можело да ве интересира

Кина: Егзекутирана жена затоа што продала 17 деца, меѓу кои и сопствениот син

Трамп најави нови царини за Кина, одма пристигна одговор

Горан Наумовски

„Фајненшл тајмс“: Резолуцијата за Украина ги обединува САД, Русија и Кина против Европа

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа