Јапонија подготвена на светот да му понуди експириментален лек против еболата

Од:

Јапонски компании се подготвени, под одредени услови, да понудат експемериментален лек за да се спречи ширењето на епидемијата од смртоносниот вирус ебола, што во регионот на западна Африка од почетокот на годината однесе повеќе од 1.400 животи.

Портпаролот на јапонската Влада, Јошихида Суга, изјави дека за таа цел Јапонија  е подготвена да соработува со Светската здравствена организација (СЗО) и дека е подготвена и на меѓународна дистрибуција на лекот.

– Информиран сум дека медицинските стручњаци можат бонредно да побараат Т-705, значи  и пред одлуката на СЗО. Во тој случај, сакаме да одговориме под одредени услови, рече портпаролот Суга на прес конференција во Токио, а пренесуваат светските агенции.

Т-705 е развојното име за лекот „фавипиравир“, а јапонската компанија „Фуџи филм холдингс„ и нејзиниот американски партнер „МедиВектор“ се во разговори со американските власти за упатување барање за широка употреба на овој лек во тераријот против еболата, наведуваат британските медиуми.

Од јапонската компанија соопштуваат дека имаат доволно залихи од „фавипиравир“ за повеќе од 20.000 лица.

СЗО ја разгледува можноста за употреба на експерименталниот лек како еден од можните начини за запирање на ширењето на смртоносниот вирус во западна Африка, каде  повеќе од 1.400 лица веќе починаа, а илјадници се инфицирани.

Засега нема лек или вакцина за еболата, а неколку медикаменти се наоѓаат во фаза на испитувања.

Би можело да ве интересира

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода