Јапонија одобри двојно зголемување на воениот буџет до 2027 година

Од:

Јапонската влада одобри радикална ревизија на одбранбената доктрина, која предвидува двојно зголемување на воениот буџет од околу еден на два отсто од БДП до 2027 година.

Тоа е најголемата ревизија на одбранбената политика на Јапонија во последните неколку децении, која предвидува и обединување на нејзината воена команда и зголемување на досегот на нејзините ракети.

Мерките се преземени во обид Јапонија да се спротивстави на воената моќ на Кина, за која Токио вели дека е „стратешки предизвик без преседан“ за нејзината безбедност.

Иако јавното мислење во Јапонија ги поддржува промените, тоа е голем пресврт за земјата чиј пацифистички Устав, усвоен ден по поразот на крајот на Втората светска војна, во принцип ѝ забранува на земјата да има вистинска армија.

Меѓутоа, за креаторите на доктрината во Токио овој преглед повеќе ја претставува последната фаза во бавната и постепена нормализација на позицијата на Јапонија за прашањето на одбраната и националната безбедност, оцени Џејмс Брејди, потпретседател на Институтот Тенео.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа