Јапонија од крвната плазма на рековалесценти развива лек за коронавирус

Од:

Јапонската фармацевтска компанија „Такеда“ соопшти дека развива лек за Ковид-19, што е дериват од крвната плазма, додавајќи дека преговара со властите во Европа, САД и Азија за соработка во истражувањето.

Болеста, која е слична на грип, досега усмрти над 3.000 лица ширум светот, а заразени се над 90.000 лица.

Јапонскиот производител на лекови работи врз лекот што е дериват на крвната плазма со која се лекувале заболени со висок степен на ризик. За плановите во текот на денот ќе бидат информирани и конгресмените во американскиот Претставнички дом.

Во моментов се разговара со здравствените власти, регулаторите и партнерите во секторот за здравствена заштита во Европа, САД и Азија да се забрза работата за изработка на лекот.

Истражувањето бара пристап до крвта на рековалесцент од Ковид-19, односно вакцинирани лица откако вакцината ќе биде развиена, додаваат од „Такеда“.

Од компанијата порачуваат и дека се обидуваат да утврдат дали можат нивните постојни лекови, односно тие што сега ги развиваат, да бидат користени за лекување на коронавирусот.

-Ќе направиме се што е во наша моќ за да ја отстраниме заканата што ја претставува новиот коронавирус (….) и се надеваме дека ќе успееме да ја прошириме можноста од лекување, изјави Раџев Венкаја, шеф на оделот за вакцини во „Такеда“.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови